432
Илон Маск го распушти управниот одбор на „Твитер“, зацврстувајќи ја својата контрола врз компанијата. Меѓу деветтемина разрешени директори се и досегашниот прв човек Параг Агравал и претседателот на управниот одбор Брет Тејлор.
Со оваа одлука, најбогатиот човек на светот стана единствениот директор на „Твитер“.
Ова следува три дена откако Маск го испочитува крајниот рок и го комплетираше преземањето на „Твитер“, вредно 44 милијарди долари, по што дел од досегашните директори беа избркани од седиштето на компанијата во Сан Франциско.
Опишувајќи се како „апсолутист на слободата на говорот“, Маск најави големи промени на оваа социјална мрежа, но кажа дека нема да дозволи таа да се стане платформа за ширење омраза и поделби. Исто така најави дека сака да го исчисти Твитер од ботови, односно лажни профили.