4
Лентата по која се движат возилата на Итната медицинска помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ денеска е зафатена од колона автомобили.
Има возила наредени долж сообраќајниот простор, и покрај поставените заштитни столпчиња.
Денеска, наместо слободен пристап, има колона паркирани возила, а дел од физичките прегради што го разграничуваат просторот се оштетени.
Посебната лента за возилата на Итната медицинска помош беше изградена во 2020 година, во периодот кога министер за здравство беше Венко Филипче.
Надлежните институции треба да појаснат кој го контролира користењето на посебната лента и дали е дозволено задржување на други возила.
Лентата беше изградена за да се заштеди време при транспортот на итните пациенти.