2
Голем сообраќаен метеж денеска на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Граѓаните се соочуваат со долги колони возила и отежнато движење, а според информациите од терен, се чека и до еден час и 45 минути.
Ситуацијата предизвикува нервоза и револт кај возачите, но и кај пациентите и нивните придружници, кои по завршувањето на прегледите и медицинските интервенции се принудени дополнително да чекаат заглавени во сообраќајниот метеж.
