52
На 17.05.2024 околу 12.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор на регионален пат Куманово – Свети Николе, товарно возило „ман“ сo полуприколка со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано од А.Н.(64) од с.Желино, тетовско, се придвижило и удрило во патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Ф.С.(35) од Куманово.
При обид на А.Н. да влезе и да го запре, товарното возило удрило во него при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.