За помалку од еден час започнуваат демонстрациите во Париз кои ќе бидат обезбедувани од голем број на припадници на безбедносните сили. Околу 6.000 нивни припадници се мобилизирани, соопшти префектурата на Париз.
Властите очекуваат пристигнување на 25.000 демонстранти. Затоа, префектурата на Париз побара од трговците и рестораните кои се наоѓаат на трасата на која ќе поминат демонстрантите да ги спуштат металните завеси, за да избегнат кршење или за да се избегне земање од продавниците на опрема која може да се користи за напади.
Од утрово, исто така, полицијата постави превентивните контроли. Во 11 часот, префектурата на главниот град објави дека направила 2.777 контроли, при што осум лица се уапсени.
Од своја страна, синдикатите значително ја зголемија својата редарска служба за да се справат со можните изливи на насилство.
Елисејските полиња се забранети за демонстрации, а на синдикатите треба да им се приклучат и жолтите елеци. Покрај во Париз, синдикални поворки се пријавени во уште 250 француски градови.