387
Македонската опера и балет одлучи парите од продадените билети за претставата „Мадам Батерфлај“ да ги донира во хуманитарни цели.
МОБ се одлучи за оваа акција по апелот за помош на семејството Ристески, мајката Марина и таткото Јован и нивниот тригодишен син Александар кои живеат во село Долгаец, во близина на Прилеп.
Претставата ќе се изведе на 3-ти април со почеток во 20 часот.
„На ова семејство му е потребен топол дом, за малиот Александар да има безгрижно детство заедно со своето семејство“ велат од МОБ.