Парична казна наместо лежење затвор до една година, бара ВМРО-НП

by Fokus

ВМРО-Народна партија ја коментираше изјавата на директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ, кој вчера изјави дека во затворите во Северна Македонија во моментот отслужуваат казна 2.260 осуденици дури 160 затвореници повеќе отколку што има кревети.

Партијата нагласува дека има затвореници кои допрва треба да ја отслужат својата казна, a притоа во затворите затворениците спијат дури и по ходниците.

-Со ваквата фактичка состојба се обновува иницијативата која се практикуваше до пред 15 год во Северна Македонија за можност на откуп на затворската казна по цена определена од државата до една година. Со оваа мерка не само што Северна Македонија како држава ќе заштеди туку и многу повеќе ќе им помогне на осудениците во нивното општествено и социјално адаптирање.

Во таа насока сакаме да спомнеме и дека оваа мерка масовно се применува во Европа, а во Босна и Херцеговина пак се оди до степен да ваквата опција им е овозможена и на воените злосторници, стои во соопштението од партијата на Љубчо Георгиевски.

 

Поврзани новости