Параолимпијката Наковска Бикова доби син: Децата се најзначајниот трофеј

by fokus
Оливера Наковска Бикова, параолимписката победничка во Лондон во дисциплината стрелаштво со воздушен пиштол во 2012 година, по втор пат стана мајка. Синчето Илија се родило во четвртокот, а Оливера и незјиниот сопруг Златко се пресреќни поради приновата.
 
,,Се помина во најдобар ред, станавме четиричлено семејство. Сите сме пресреќни, посебно нашата ќеркичка Викторија која со нетрпение ги чека братчето и мајка и да се вратат дома. Утре треба да бидат отпуштени од болница, па со најблиските им подготвуваме мало изненадување за добредојде. Илија е убаво бебе, се роди со 3.510 грама, и 51 сантиметар должина. Долго време го чекавме ова бебе. Со Викторија се десет години разлика, но знам дека ќе се согласуват одлично, бидејќи таа многу се радува на улогата на постара сестра. Сега сме комплетно семејство, а мојата сопруга е најхрабрата жена која што ја знам“, вели Златко, сопругот на параолимпијката.
thumbnail_olivera-zlatko6
 
Таа пред  два месеци на Параолимписките игри во Рио да Жанеиро го освои седмото место во дисциплина десет метри воздушен пиштол. Тогаш Златко ни кажа дека и покрај тоа што била во поодмината бременост, нишанела одлично, што било само уште еден показател за нејзината цврстина и генијалност.
 
Оливера започнала да вежба стрелање уште во 1997 година. По секојдневните тренинзи кои што траеле и по четири часа дневно, таа почнала да покажува резултати и во 2001 година стана Европски шампион во Холандија. Физичкиот хендикеп никогаш не играл улога во нејзиниот живот, и со своите успеси само покажува дека се е можно со труд и со упорност.
 
Оливера и Златко – тоа било љубов на прв поглед, по неколку месечно забавување се венчале. Живеат во Битола и функционираат беспрекорно, а во слободното време се дружат со многубројните пријатели.

Вики Клинчарова

Поврзани новости