Параглајдерист пронајден мртов, му се слошило по успешно слетување

by fokus

Во близина на манастирот „Свети Илија“, вчера околу 15.00 часот бил пронајден починат 47-годишниот М.Ќ. од гевгелиското село Мрзенци, кој бил член на Клуб за екстремни спортови.

Имено на М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време истиот починал.

Од страна на лекар од  Итната медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција

Поврзани новости