Папата не дозволувал „баци рака“ бидејќи не сакал да шири бактерии

by fokus

Папата Франциск стана хит на интернет откако се појави видео од Италија на кое тој ја трга раката кога верници се обидуваат да му го бакнат прстенот. По два дена конечно се дозна и причината за неговото вакво однесување. Папата не сакал да шири бактерии, пренесува „devdiscourse“.

– Во прашање беше хигиената – изјавил портпаролот на Ватикан, Алесандро Џизоти.

Снимката од папата како ги трга рацете стана хит на интернет, а беше дел и од неколку комични шоуа во САД.

Поврзани новости