Папата на ручек во католичката резиденција на Водно

by fokus

Папата Франциск по свечената миса на плоштадот замина на ручек во католичката резиденција на Водно, како гостин на скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монсињор Киро Стојанов.

По краткиот одмор, папата во 16 часот ќе одржи екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква „Свето срце Исусово“, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Поврзани новости