Папата Франциско испрати видео порака: Кај вас ќе го посеам семето на братството

by fokus

Папата Франциско пред посетата на Македонија на 7 мај, испрати порака до граѓаните во која вели дека откако нашта земја станала независна, „Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи.“

„Денес, повеќе од било кога, има потреба во Европа и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство и јас ќе дојдам меѓу вас да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови“, се вели во пораката.

Папта нагласува дека посебната убавина на земјата се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако, вели тој, соживотот не е секогаш лесен, но посочува дека вреди да се вложи во тој напор, бидејќи „најубавите мозаици се тие што имаат најмногу бои.“

Во пораката тој нагласува дека неговата посета ја посветува и на „големата светица на вашата земја“ Мајка Тереза, која е родена и израсната во Скопје.

Папата Франиско во пораката вели дека сака да ги искаже радосата и пријателството што го чувствува кон народот и кон црквата во земјата.

Поврзани новости