Папата Франциск закрепнува по операцијата

by Fokus

Операцијата врз папата Фрациско е успешно завршена и тој се чувствува добро, соопшти Ватикан.

Папата Франциско беше примен во римска болница вчера попладне поради закажана операција на дебелото црево.

Портпаролот на Ватикан Матео Бруни изјави дека 84-годишниот папа страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево.

Операцијата беше извршена во римската болница Гемели, институција каде се лекуваат папите.

Првпат папата Франциско беше примен во болница откако беше избран во 2013 година.

Поврзани новости