477
Поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу во интервју за телевизија Телма вели дека „Северна Македонија треба да го почитува Преспанскиот договор, бидејќи долго време чекала на овој момент“.
-Доколку не се почитува Преспанскиот договор, тоа ќе предизвика проблеми на патот кон ЕУ. Северна Македонија чекаше многу за овој момент и треба да го искористи, и многу е важно сега Владата да ги направи потребните промени. Договорот од Преспа е веќе направен, сега треба да се направат промени внатре, што секако ќе бидат за добро на граѓаните и општеството.
Вашата држава сега е на добар пат и се надевам дека сега ќе развиваме повеќе пријателства, вели Папандреу.