Папата Франциск денеска изјави дека војната во Украина покажа дека човештвото мора да го отфрли чудниот инстинкт за „самоуништување“ и дека купувањето повеќе оружје не е конечно решение за каков било конфликт.
Папата Франциск ги замоли присутните на неговата неделна општа аудиенција да се посетат на сите жртви на војната – загинати, вклучително и „паднати војници од едната или другата страна“, ранети, бездомници и бегалци.
-Нека Бог го испрати својот дух да разбереме дека војната е пораз на човештвото, дека мораме да ги победиме сите оние што водат војна…, рече тој. „Водењето војна е потреба што нè уништува“, додаде тој, молејќи го Бога „да не ослободи од оваа потреба за самоуништување“.
Ова е вторпат од почетокот на војната во Украина, папата да евоцира претчувство за нуклеарна војна.
Папата Франциск неколку пати остро ја осуди војната, но ја критикуваше Русија само имплицитно, досега избегнувајќи да го спомене името на земјата. Тој притоа ги користеше термините како неоправдана агресија, масакри и злосторства.