Нови 319 случаи и 258 оздравени

by fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (319) ,регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 258 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице кај кое е регистриран коморбидитет.

Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а бројот на активни случаи изнесува 1.973.

 

Поврзани новости