Мислам дека е неминовно враќање на старите фасади на објекти како „НАМА“, како на објектот на Владата, бидејќи од наша страна би било едноставно кукавички да речеме – во ред е, се потрошија пари за да се направи рефасадирање на Владата и толку, ќе не пишува во книги дека не сме направиле ништо, вели Мартин Пановски, претседател на Асоцијација на архитекти во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-Значи ова ќе влезе во историја и веќе е влезено, не е само во наша историја, влезено е и во странска историја како еден преседан во архитектурата и урбанизмот општо во светот. По тоа сме некои лидери сега, но во негативен смисол. Асоцијацијата претходно треба да работи на штетите коишто ги прави Скопје 2014, не како физички изграден простор, Скопје 2014 направи повеќе штети во однос на ценењето на архитектите, во однос на почитувањето на регулативата, вели Пановски.