Доктор Никола Пановски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 порача дека со предвидените вакцини за 400.000 лица кои на Македонија и следуваат преку Ковакс системот сите ранливи категории и здравстевените работници ќе може да се вакцинираат во еден или два месеци.
-Многу е важно вакцината да биде доброволна и бесплатна. Покрај здравствените работици, важно е ранливите категории први да се вакцинираат. Многу е важно што децата нема да се вакцинираат. Бидејќи доколку се појават некои одложени дејства кои би се виделе години подоцна, што не верувам дека ќе има, едно е тоа да се јави кај некој со 80 години, кој можеби и пред тоа ќе почине од нешто друго, отколку да се јават кај некое дете.
Ако стинат наеднаш тие вакцини за 400.000 луѓе, ако може во месец-два со добра ораганизација (која не ја гледаме кај вакцинацијата кај грипот) сите да се вакцинираат, ќе се опфатат и здравствените работници и сите ранливи категории и старите лица, рече Пановски.
Инаку, Македонија ќе добие 800.000 дози од вакцината за Ковид-19 преку Ковакс системот, со што ќе може да се вакцинираат 400.000 луѓе (две дози по човек). Министерот Венко Филипче најави дека државата веќе почнала комуникација со Фајзер и за директна набавка на дополнителни дози.