Да престанат политичарите да се однесуваат како да си прават нешто за по дома, порача Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитектите на Македонија во вестите на 24 ТВ.
Тој побара во иднина да им се овозможи на архитектите на конкурс да се одлучува за квалитетот на нивните проекти, а не тоа да биде нечија лична одлука или желба. И како трета и многу важна порака што првиот човек на архитектите ја испрати до новата власт е да се води сметка при изградбата на објектите за нивната економска оправданост.
„Мора да се води сметка дали е потребно некој објект да се изгради или не. За тоа не треба да одлучува само еден човек, како што беше во времето на пример да се гради по желба на грдоначалникот, независно дали станува збор за Пенов, Аларова или кој и да е друг “, изјави Пановски.