Со вакво темпо на корона вирусот во Македонија, голема е можноста во јуни да се стекнеме со колективен имунитет, смета микробиологот Никола Пановски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.
Како што додаде тој, ризичните групи треба да се вакцинираат, додека пак тие што развиле антитела, не треба да брзаат.
„Вакцини со бројка од 33 илјади против Ковид не се многу, ама ќе помогнат во февруари, таму каде се најпотребни. Здравствените работници ќе мора да издржат до февруари. Најверојатно вакцинирањето од грип е безпотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата, нема одење по слави, по спортски натпревари, концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет, но речиси половина од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. По мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80% ќе живееме нормално“ вели микробиологот Пановски.