Приведен скопјанец по кого е распишана потерница, расчистени 9 кривични дела

by Fokus 10:38
10:38

Полицијата завчера го привела А.Ф.(37) од Скопје, за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, поради сомнение за сторени повеќе тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на Гази Баба.

Од страна на Одделението за криминалистички работи Гази Баба, соопшти денеска МВР, расчистени се девет кривични дела тешки кражби, во викенд куќи, со материјални докази.

- Advertisements -

– Со кривична пријава по брза постапка пријавениот А.Ф. е спроведен на распит пред дежурен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, се наведува во соопштението од МВР.

По распитот, А.Ф. е спроведен кај судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје и по изведените докази нему му е одредена мерка притвор.

Поврзани новости