1.1K
Доктор Никола Пановски во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека не му е јасно зошто луѓето ги дезинфицираат чевлите и продуктите кои ги внесуваат дома, како заштита од корона вирусот.
Професорот објасни што треба да се случи за вирусот да трае толку долго за да може да се донесе дома преку продукти.
-Луѓето почнаа да ги чистат чевлите, кога ќе влезат од надвор почнаа продуктите да ги чистат. 100-тина луѓе инфициирани треба да кашлаат на едно место, за полуживотот на вирусот толку долго да трае, рече Пановски.