Пановски: Комисијата за заразни болести го игнорира делта сојот

by fokus

Доктор Никола Пановски во вечерашното гостување на телевизија Сител посочи дека мора да се воведе конторла на луѓето кои влегуваат во Македонија поради делта сојот на корона вирусот.

-Треба да се врши контрола на луѓето што доаѓаат кај нас, па дури и нашите иселеници, па дури и нашите што одат на одмор во тие земји, каде што постои делта сојот, а Комисијата за заразни болести ги игнорира, треба да објават зошто го прават тоа. Реципроцитет барем кон Бугарија можеме да имаме. Откако ни ги дадоа тие 5000 вакцини кои уште не се стигнати, ние се тестираме за да влеземе во Бугарија, а тие иако имаат 10 пати повеќе заболени по број на жители, можат да влегуваат во Македонија. Има ли логика во здравствените мерки?, вели Пановски.

Поврзани новости