Пановски: Ќе има некој бран, но се надевам дека нема да биде како минатите

by fokus

Се надевам дека оваа состојба со ковид-19 не е затишје пред бура и дека и за новиот делта сој ќе имаме имунитет, вели микробиологот Никола Пановски во интервју за „Утрински брифинг“. Тој вели дека ќе има нов бран, но дека нема да биде ни приближен како минатите бранови.

-Постепено треба да се попуштаат и други мерки и да се види до кај сме. Друг начин нема да се тестира состојбата. Со опуштање гледаме веќе две недели нема ширење на болеста иако мерките на отворено се опуштени. Сè уште би задржал да не работат рестораните во затворено и сè уште би задржал маска во затворено. Маската повеќе заради делта-сојот, кој ако влезе кај нас брзо би се проширил, ако воопшто има луѓе што се осетливи на него. Се надеваме дека, за жал, со платена скапа цена кај нас населението е прилично имунизирано по природен пат. Па така, се надеваме дека нема затишје пред бура и дека и за делта-сојот ќе имаме имунитет и дека ќе има некој бран, но нема да биде ни приближно онаков каков минатите. Ќе има инфицирани, како што има во Велика Британија, но бројот на смртни случаи ќе биде неспоредливо помал од оној што беше претходно. Значи, инфекција без големи последици, смета Пановски.

Поврзани новости