Пановски: Гарантирам дека во Советот на Град Скопје нема коалиција меѓу Арсовска и СДСМ

by Fokus

Откако пред неколку месеци „пукна“тиквата меѓу Данела Арсовска и опозициската ВМРО-ДПМНЕ настана мешаница и во Советот на Град Скопје, кој брои 45 члена, а мнозинството на последните локални избори го добија опозиционерите, кои ја дадоа поддршката на актуелната градоначалничка.

Во последниот период постојат разни обвинувања меѓу двете најголеми партии во однос на тоа кој во каква коалиција е со Арсовска. „Вмровците“ тврдат дека владејачката гарнитура е во скриена коалиција со градоначалничката, дека имаат тајни средби,  додека пак тие се оние кои го изгласаа буџетот, тврдејќи дека тоа е за доброто на Скопје.

„Фокус“ на оваа тема поразговара со советникот Никола Пановски за да ни објасни на кој начин функционира Советот, со оглед на скриентите поделби внатре.

„На секоја седница има разни случувања. Некои работи можат да се забележат, некои не. Двајца од советниците, Александар Трајковски од ГРОМ и Ирена Попова се заедно со градоначалничката и даваат поддршка за се.

 

Тие ја бранат цело време. Честопати се случува ДУИ и Левица да ја подржат и тие гласаат закони. СДСМ најчесто не гласа или се воздржани, како и ВМРО-ДПМНЕ. И тие не гласаат“, вели професорот Пановски.

Според него, чудно е тоа што опозицијата гласала за буџетот, но веднаш после тоа не гласала за ниту една од предвидените програми.

„Многу чудно е тоа што ВМРО-ДПМНЕ гласаше за буџетот, а после тоа не гласаа ниту за една програма. Инаку, гарантирам дека меѓу СДСМ и Арсовска нема никака коалиција“. Ние гласаме според тоа како ќе процениме дека некој од законите е битен или не“ вели Пановски.

И.М.

 

 

 

Поврзани новости