Пановски: Британскиот сој на ковид-19 се шири побрзо, да не дозволиме нов пик

by Fokus

Пренесувањето на британскиот сој на ковид-19 се шири многу побрзо, посочува микробиологот Никола Пановски во изјава за „Алсат“.

Истовремено, тој апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита за да не дојде до нов раст на бројот на заболени.

„Тоа значи дека ако имаме 10 луѓе тие ќе заразат 15. А, досега би заразиле 10. Тоа е огромна бројка. Масовните групирања би придонеле овој вирус кој побрзо се шири, полесно се лепи за нашиот нос, за слузницата на носот, би направиле нов пик, нови хоспитализации и нови смртни случаи. Значи, никако групирања, особено во затворен простор, бидејќи тогаш ширењето е поголемо и би било поголемо од што беше во ноември,“ истакна Пановски.

Поврзани новости