493
Ова обедување на сите етнички заедници во Македонија ќе трае многу кратко, вели поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Алескандар Пандов.
„Мислам дека оваа трагедија ќе не обедини, но за жал за многу кратко. После недела дена тага во која ќе биде Македонија, повторно ќе се вратиме на оние стари омрази, поделби, коишто се во ова општество“, посочи Пандов.
Во автобуската сообраќајка кај Ласкарци загинаа 14 лица од Гостивар а над 30 се повредени.