Новинарот Николовски: Браво за жителите на Ласкарци и убеден сум дека не ги прашувале повредените од која партија се или од која етничка припадност

by fokus

Новинарот Љубиша Николовски, во синоќешното гостување во „Само Вистина“ на Канал 5, говореше за трагичната сообраќајна несреќа кај Ласкарци, во која животот го загубија 14 граѓани.

„Секој нормален човек сочувствува со оваа несреќа. И во овој настан има луѓе што гледаат политички. За мене, во овој автобус беше Македонија во мало. Таму имаше млади, стари, Македонци, Албанци, вмровци, комуњари, имаше ДУИ, имаше се. Впечатливо ми е граѓаните на селото кои му помогнаа на луѓето. Притрчаа во помош и со приватни коли го носеа во болниците. Никој не прашуваше од која партија си, или од која етничка припадност“, истакна Николовски.

Поврзани новости