Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Владата имаше, како што го најавија од неговата партија, перформанс, при што даде изјава и порача дека ВМРО-ДПМНЕ во идно време ќе ги суди за велепредавство Заев, Димитров, Османи и Бучковски.
-Бандата далтони која што е позади мене составена од Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи и Владо Бучковски се луѓето кои што одлучуваат за македонскиот идентитет, за македонската историја, за македонскиот јазик. Не постои друга земја во светот во која што премиерот на онаков ноншалантен и лаконски начин се откажува од идентитетот и од придавката за која што се бореле илјадници македонци и го дале својот живот. Во вчерашното интервју дознавме дека Зоран Заев таа придавка „македонска“ ја ставил на маса во преговорите со Бугарија.
Оттука заклучуваме дека оној Зоран Заев кој што се колнеше во најмилото, кога се работеше за името на Република Македонија и се откажа од своето најмило стравуваме дека сега ќе се откаже од најсветото за секој еден од нас во Македонија, македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Оттука тврдиме дека оваа банда далтони која што во моментот одлучува за македонската судбина, за македонската сегашност и македонската иднина немаат мандат и не смеат да одлучуваат за македонската иднина. Притоа кажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ дека оваа банда далтони во идно време ќе ги суди за велепредавство и за сите криминали кои што ги направија на Република Македонија, рече Пандов.