Ахмети: Ги поддржуваме сограѓаните Македонци, се надевам Бугарија ќе најде сила да ги надмине емотивните ситуации

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за Канал 5 рече дека ги поддржува сограѓаните Македонци во спорот со Бугарија и се надева дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине емотивните прашања.

-Ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој многу значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид во овие значајни процеси. Верувавме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине овие емотивни ситуации, затоа што ако Балканот се внесе во историјата,  ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот за членување во Европската унија, рече Ахмети.

Поврзани новости