1.6K
Ви ветувам на сите членови и симпатизери, како и на секој Македонец и граѓанин на Република Македонија кој си ја сака татковината и му е преку глава од сите национални, но и секакви други понижувања и неправди низ кои минуваме минативе три години, дека ќе се вложам целосно и сето мое време, знаење и енергија ќе биде насочено кон единствената цел, соборување на Заев и неговата хунта, порача Александар Пандов, претседателот на новоформираниот патриотски институт во рамки на ВМРО-ДПМНЕ.
„И не само тоа, ќе дадам се од себе во наредниот период Патриотскиот институт да го изградам во главен столб на ВМРО, да биде негова преторијанска гарда и перјаница, главна ударна тупаница и прва линија на одбрана на партијата и Македонија! Низ многу тежок и лош период поминуваат Македонија и ВМРО, но па кога им било лесно? Та нели на мака се познаваат јунаците!“, напиша Пандов на фејсбук.