Боки 13 бил итно опериран во градската болница, се наоѓа во стабилна состојба

by Фокус

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, првостепено осуден во случајот „Рекет“, е примен во болницата за хируршки болести „Св. Наум“ (поранешна Градска болница) и врз него е извршен итен оперативен зафат, потврди за Фокус директорот на болницата Љубен Арсенков.

Како што вели доктор Арсенков, Јовановски е примен околу 19 часот како итен случај и по извршените испитувања веднаш е упатен кон операциона сала.

Моментално, пациентот е во стабилна состојба, додаде директорот на болницата, најавувајќи повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Инаку, Боки 13 бил пренесен во болницата по воспаление на желудникот, за што во повеќе наврати се жалеше во текот на судскиот процес.

Поврзани новости