428
Александар Пандов во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека СДСМ додека била во опозиција се залагала за слобода во медиумите, а откако дошла на власт тоа го заборавила.
-На глава ми беше качено рамномерно медиумско покривање, балансирано известување, а откако дојдоа на власт не ги спомнаа медиумите. Претпоставувам дека законот за медиуми верувам дека ќе се тера. Во наредниов период се ќе биде насочено кон референдумот. Законите за медиуми и слично ќе бидат оставени за некои подобри времиња, рече Пандов.