Пандов до „уставобранителите“: Жалам што не сум со вас во затвор, полесно ќе го истрпев овој црн период

by Фокус

Под мотото „Собир за слободатa“, денес во организација на Патриотскиот Институт на ВМРО-ДПМНЕ се одржа протест пред штипскиот затвор, каде, според организаторот на протестот, затворени се уставобранители, а не криминалци. Како што рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт, тие лежат во затвор поради љубовта кон Македонија. Инаку, се работи за лица што беа осудени поради упадот во Собранието во 2017 година.

-Не само што не се заборавени, тие за нас тука присутните, а верувам дека и во секој македонски дом денеска, се современите маченици во 21-иот век. Маченици кој е наш светол симбол, наши светилници, дека во најцрните времиња кога Македонија е поробена, постоеле и постојат македонски синови кои што застанале во нејзината одбрана. Браќата кои што се не само во Штипскиот, туку и во останатите македонски затвори, тие тоа го покажаа и во 2001-ва година и 2017-та година. Нивниот грев се состои во тоа што ја љубат и ја сакаат Република Македонија. Можеби нешто повеќе од нас останатите. Мене искрено ми е жал што не се наоѓам сега заедно со нив таму во затвор, бидејќи мислам дека многу полесно ќе го истрпев овој црн период на национално, на секакво понижување што ни го прави Зоран Заев – рече Пандов.

Тој посочи дека тие биле во право кога говореле дека ќе биде променет Уставот на Република Македонија, дека Македонија ќе стане двојазична земја, дека ќе се брише македонската историја.

-400-тини до 500-тини македонски синови и ќерки, кои што се спротивставиле на Зоран Заев сега се под политички прогон. Толку луѓе се под обвиненија, по притвори и затвори. Тоа во едно најцрно време во минатото, сите сте слушнале за Стаљин – човек кој е симбол за диктатура, меѓутоа и во негово време потребни двајца сведоци за да биде некој осуден. А сега овие браќа наши, само на сведочење на еден, за волја на вистината професионален сведок, сега се наоѓаат во македонските затвори – рече Пандов.

Поврзани новости