Пандев: За мене Мурињо е татко!

by Fokus

Грчкиот спортски портал „Газета.гр“ коментира дека името на македонскиот репрезентативец, Горан Пандев во минатото се поврзуваше со повеќе екипи од Грција, а Пандев вели дека не знаел дека толку многу се споменувал во грчките медиуми.

– Ќе ви ти откријам дека кога бев мал, пред да заминам во Интер бев многу блиску до Олимпијакос. Но, претседателот на мојот тогашен тим (Беласица) го расипа трансферот. Пред неколку години бев во разговори со ПАОК, кој многу сакаше да дојдам, но години бев во Италија, моето семејство се чувствуваше добро тука и останавме, открива Пандев.

Се присетува и на сезоната во Интер, кога освоија сѐ што можеше да се освои, вели дека таа „импресивна сезона“, нероаѕурите имаа одлични играчи, со „најдобриот тренер на светот, Мурињо“.

– За мене тој е татко. Тој ме научи на многу работи не само за фудбалот, туку и за животот. Камбиасо беше тренер на местото на тренерот. Тој беше тренер на теренот, секогаш даваше упатства и сигурен сум дека ќе стане добар тренер. Фантастичен човек, вели Пандев.

Поврзани новости