Пеливанов: Бараме притвор за „Мијалков“ поради опасност за бегство

by fokus

По објавата на пресудата за случајот „Трезор“, обвинителот Трајче Пеливанов побара на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, да му се одреди мерка притвор, по пресудата од 8 години затвор.

Обвинителот образложи дека Мијалков во моментот е во притвор, за предметот „Таргет и Тврдина, кој истекува на 27 април. Токму затоа, побара на Мијалков притворот да му биде укинат за предметот за масовното прислушување, а да му се одреди за случајот „Трезор“.

-Преку Европол се потврдени податоците дека обвинетиот има дозвола за престој и регистрирана адреса во Чешка. Исто така обвинетиот Мијалков е лице кое е добро ситуирано и тој и членовите на неговото семејство поседуваат приватни бизниси, што овозможува комотно жиевеење во бегство, истакна обвинителот Пеливанов.

Адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски, истакна дека се убедени дека овој обвинетите за овој предмет ќе добие ослободителна пресуда пред Апелација, поради што побара неговиот клиент да се брани од слобода.
Тој дополни дека нема ниту еден релевантен доказ кој оди во прилог на обвинението.

-Тврдиме дека ваквата теза е погрешна, односно тврдењето на обвинителството дека Мијалков е добро ситуиран па затоа ќе бега, бидејќи мојот клиент кој има повеќе бизниси нема да избега, туку тоа е причина повеќе да остане во државата, истакна Шврговски.

Адвокатот Петар Василев пак истакна дека барањето за притвор е незаконито, бидејќи Мијалков веќе е во притвор за „Таргет и Тврдина“, а оваа мерка според него може да ја укине само Кривичниот совет, а обвинителството потоа да побара нова мерка за „Трезор“.

27 април

Поврзани новости