Пандев најави дека ќе се пензионира после Европското првенство

by Фокус

Горан Пандев вечерва во триумфот над Наполи постигна два гола за Џенова и испиша нов рекорд, станувајќи најефикасниот фудбалер од екс-југословенските простори со 97 гола во Серија А.

-Среќени сме, одигравме одличен натпревар против одличен тим. Овие три бода се многу важни за нас, ја докажавме нашата вредност. Работиме напорно, овој тим има квалитет, а тренерот тоа го користи максимално – изјави по мечот Пандев.

На прашање на новинарите околу неговото повлекување од терените, тој вели дека планот е да ја заврши кариерата по Европското првенство.

-Да видиме, но мојата цел е да се пензионирам по завршувањето на Европското првенство, но ништо не се знае – истакна Пандев.

Поврзани новости