465
Два часа поранешниот шеф на Кривичниот суд, Владимир Панчевски даваше изјава за пријавата што ја поднесе против специјалната обвинителка Катица Јанева и судијката од Гевгелија Злата Попова, пренесува Алсат-М.
Станува збор за одобрениот претрес во неговата канцеларија и неговиот дом. Од обвинителството побарал кога ќе ја сослушуваат Катица Јанева и тој да дојде за директно да и поставел прашања.
„Дадовме специјален предлог во прилог на кривичната пријава кој се однесува на комуникацијата што ја имале обвинетите Злата Попова судија од Гевгелија и Катица Јанева во деновите пред издавање на наредбата, за време на издавање на наредбата и потоа. Се работи за конспирација по мое убедување“, вели Панчевски