Панчев: Милевски како знае и умее да му се јави на Пикси!

by Fokus

Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев често пати дава свои мислења за актуелните случувања во фудбалот во Македонија и со оглед на она што го постигна во кариерата секако дека има право на такво нешто.

Панчев во разговор за српски „Курир“ смета дека селекторот Милевски треба да разговара со српскиот стратег Пикси за овој дуел.

„Србија ја победи Португалија во групите и затоа ќе му препорачам на нашиот селектор Милевски да разговара со Драган Стојковиќ Пикси, сигурен сум дека има што да му каже. Да го најде како знае и умее. Нека се јави во федерацијата. Да добие совет, информација. Сепак Пикси е поискусен тренер, а да не заборавиме и каков фудбалер беше. Еден од најголемите на овие простори. Тоа може да му биде корисно, не треба да е суетен, треба да му се јави и да го праша“, изјави Панчев.

Тој во последниот период се почесто е присутен во медиумите од соседството, отколку во медиумите од Македонија. Редакцијата на „Фокус“ во неколку наврати се обиде да стапи во контакт со Панчев, но во ниту еден обид не успеавме да добиеме некаква изјава од него во врска со овие натпревари.

Поврзани новости