605
Најдобриот македонски фудбалер за 20 век, Дарко Панчев во интервју за официјалниот сајт на Црвена Звезда раскажа како го минува времето додека светот се соочува со опасниот корона вирус.
„Малку се досадувам, малку гледам телевизија. Воглавно сум со семејството, со децата кои се понервозни од нас постарите. Засега сме дисциплинирани, мора да бидеме такви почитувајќи ги препораките на надлежните. Мора да ги почитуваме препораките и правилата“, вели Панчев.
Тој смета дека Македонија во овие моменти добро се справува со ситуацијата и според него, доколку бидеме тим, ќе ја добиеме оваа битка.
„Ние немаме голем број заразени. Доколку бидеме тим, бидеме дисциплинирани, можеме за некој месец да ја добиеме оваа битка, која сепак не е така наивна. За жал, луѓе умираат, мора да овозможиме на себе и своите најблиски да не дојдеме до опасната зараза“, додава тој.