298
Потврдени се новите имиња на министрите за техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Трилинг“ пренесува дека Панче Тошковски ќе биде министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски ќе го предводи министерство за труд и социјална политика во техничка Влада предводена од Талат Џафери.
Тошковски е адвокат, а во рамки на партијата е претседател на Комисијата за правни прашања. За разлика од него, Велковски беше генерален секретар во Град Скопје, а неодамна беше разрешен од градоначалничката Арсовска.
За во Министерството за информатичко општество и администрација потврдено е името на Стефан Андоновски.
Тој е Секретар за меѓународна соработка на ВМРО- ДПМНЕ и член на Советот на Град Скопје. Истовремено е член и на партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ.