Паметниот попушта

by fokus

Пишува: Петар Богојески

Ако, остави го, паметниот попушта! Тоа е клучната лузерска реченица на нашиот народ, на нашите родители, која е причина за катастрофата во која живееме денес. Тоа е толку погрешно, тоа е толку неприфатливо, тоа е причина зошто имаме погрешен менталитет, кој остави олошот да владее, а паметниот да попушта. Токму тоа. Токму така. Олошот владее, паметните гледаат од страна, дел тераат сеир, дел бегаат од земјава, дел создаваат имагинарна реалност во која живеат. Сето тоа е последица од катастрофалното домашно и училишно воспитување, секако на воспитаните, пресликано во една реченица, „остави паметниот попушта“.

Не оставај! Не! Не попуштај! Не и не! Ако си паметен, ќе го собереш сиот тој олош на клоци, магла да фати. Не попуштај! Кои се тие гниди, тој олош, тие накази да им попуштаме? Да им дозволуваме да управуваат со нашите животи. Да им дозволиме да ни ја уништат државата. Да им дозволиме да нè владеат, да нè крадат, да нè малтретираат. Кои се тие лебарки? Нема попуштање. Сè тоа на клоци. Магла да фати. Да исчезнат од јавето. Од државата. Тие нека бегаат од државата, а не паметните! Тие нека стојат на маргините, а не паметните!

Решението е со закон да се забрани, паметните да попуштаат! Ако некој паметен му попушти на будалетинка, да се казни паметниот. Ако некој родител го воспитува своето дете да им попушта на гнидите, да се казни родителот. Ако некој наставник воспитува одличен ученик, да им попушта на неписмените, на лигушите, на лебарките, да се избрка наставникот од работа и да му се забрани понатамошна дејност во просвета. Доживотно! Оној паметен што ќе му залепи шамар на лебарка, да се награди! Оној паметен кој ќе крене на клоци мивки, да се унапреди. Оној паметен кој ќе избрка гниди од земјава, да се постави на министерска позиција. Оној родител кој ќе воспита здраво, паметно дете, кое не попушта на будалетинки, да се прогласи за херој на нацијата. Оној даскал кој ќе создаде атмосфера каде што паметните се главни во школото, каде што паметните не попуштаат на неписмените, да се унапреди во директор на школо! Цел државен апарат да се вклучи во создавање систем, каде што паметните нема да попуштаат, туку ќе газат гниди. Ќе толчат лебарки!

Конечното решение треба да ја расчисти оваа работа. Треба да се создаде државен систем, кој ќе детектира лебарки и ќе ги третира со дезинфекциони средства. Без милост. Лебарка веднаш да се уништи. Државниот систем да создаде таква атмосфера, каде што лебарките нема да виреат. Ќе мораат, или да бегаат по канализации, на маргините на општеството или да бегаат надвор од државата. Тоа конечно решение за дезинфекција, дезинсекција и дератизација на лебарки, на олош помеѓу народ, мора итно да се спроведе.

Ти не си виновен за оваа сотојба. Не си виновен што живееш ваков живот. Не си виновен што државата пропаѓа. Виновни се тие кои така те воспитале, да им попушташ на лебарките. На олошот. Виновен е системот во кој владеат лебарките, а паметните попуштаат. Тој систем треба да го уништиме. Тој систем треба да го замениме со нив, функционален и чесен. Систем во кој ќе управуваат нормалните, писмените, домаќините, чесните, способните, претприемачите… ќе владеат паметните! Останатите или ќе го почитуваат тој нов воспоставен поредок или ќе бидат подложени на дезинсекција. По сила на закон! Државен апарат да спроведе дезинсекција.

Лебарките се помеѓу нас. Тие се канцер во нашето општество. Тие од внатре ја јадосуваат нашата татковина. Тие ја толчат Македонија. Македонија пишти од олош. Потребна е цврста рака за да се расчисти со се! Цврста рака што ќе ги столчи лебарките. Цврста рака што ќе управува и ќе ги подигне паметните на пиедестал на општеството. Цврста рака што ќе ги научи паметните да не попуштаат!

 

 

Поврзани новости