Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, на панел на Белградскиот безбедносен форум испрати повик до ВМРО-ДПМНЕ да ги им дозволи на пратениците на денешната седница да гласаат по свое убедување.
-Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и одмазда. Историскиот договор од Преспа ѝ ги отвори вратите за европската иднина на Македонија. Нема алтернатива. Нема „Преспа плус“. Нема подобар договор од овој. НАТО ја покани Северна Македонија да ѝ се приклучи на алијансата – додаде Палмер.
Тој во понеделник ќе допатува во Македонија каде што е предвидено да се сретне со претставници на Владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.