Палмер до Мицкоски: Државата има потреба од конструктивна опозиција

by Фокус

За САД е од голема важност најновиот НАТО-сојузник да има стабилни управувачки институции кои демонстрираат евроатлантски вредности, а особено конструктивна и ангажирана опозиција, гласи пораката што му ја упатил денеска на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер.

Како што соопшти амбасадата на САД во Скопје, во денешниот телефонски разговор, Палмер ги охрабрил Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да соработуваат за решавање на предизвиците со кои се соочува земјата, вклучително со надминување на разликите со Бугарија и обезбедување успешен попис на населението, што е, како што се наведува, важна статистичка алатка за да се обезбеди подобро управување.

Телефонскиот разговор на Мицкоски со американскиот дипломат се реализира пред најавената тет-а-тет средба во Клубот на пратениците, што ја инцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а премиерот Зоран Заев ја прифати.

Поврзани новости