Palliative Care – Because I Matter (Палијативна грижа-затоа што ме засега!) е слоганот за 2018 година со која на глобално ниво се одбележува Светскиот ден за палијативна грижа

by Fokus

ЈЗУ Геронтолошки Завод  ‘’13 Ноември’’-Скопје  во соработка со Здружението за палијативна грижа  при Македонско Лекарско Друштво и Животна Искра-Антиканцер Здружение во просториите на Хосписот за палијативна грижа Сју Рајдер –Скопје при Заводот се оддржа настан  на кој симболично се одбележа овој значаен  денот.

На настанот имаа можност Директорот на ЈЗУ Геронтолошки Завод ‘’13 Ноември’’-Скопје –Д-р Салија Љатиф Петрушовска заедно со претседателот на Здружението за палијативна грижа Д-р Лидија Ветeровска Милковиќ и г-ѓа Виолета Томовска -претседател на здружението Животна Искра, како и г-нот Живко Поповски познат сликар,  да се сретнат со  пациентите во Хосписот за палијативна грижа, да поразговараат и да им подарат симболични подароци (рачно насликани слики за секој пациент и производи од Медикус Хелп за лична употреба).

Имено, Хосписот Сју Рајдер Скопје постои веќе 20 години и тука најчесто се згрижуваат пациенти кои сепалијативно  болни од различни типови на болести, најчести малигни , невролошки и сл.

Инаку палијативната грижа има за цел да го подобри квалитетот на животот на лицата од сите возрасти  коиживеат со болести кои се животно лимитирани.

Пристапот на палијативна нега  во хосписите, се фокусира на задоволување на потребите на лицето во целина (физичките, социјалните, психолошките,духовните проблеми и други ,со кои се соочуваат тие и нивните семејства.)  а не само лекување на нивната здравствена состојба.

Поврзани новости