Осомничениот за грабнувањето, планирањето и извршувањето на убиството на малата четиринаесетгодишна, Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски бил уапсен на во турскиот град, Баликесир додека се движел по автопат, соопшти министерот за внатрешни работи. Оливер Спасовски вечерва на вонредна прес конференција.
Тој ја соопшти тракеторијата по која се движел Палевски, со автомобил од Скопје бил пренесен од страна на неговиот адвокат, преноќил во хотел во Белград и потоа заминал за Бугарија.
Од Белград го презело друго лице, ја поминал територијата на Бугарија и заминал за Турција. Низ Бугарија го превезувал негов познаник со потекло од Струмица, кој денеска исто така беше приведен.
Таму отседнал во градот Беликесир, а каде се наоѓа, на македонската полиција и соопштил оперативен извор на турската полиција.
Според Спасовски, тој симулирал дека заминал за Истанбул, но се вратил во турскиот град Баликесир и бил уапсен додека се движел пешки.