Пакистанци се истепале кај кумановско Ваксинце

by fokus

Четворица жители на Пакистан по полноќ биле пронајдени со повреди на телата во селото Ваксинце, Куманово.

Тие пренеле дека ги нападнале други лица, исто така од Пакистан, а повредените биле префрлени во Ургентен центар Куманово, а некои веднаш пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

„На 24.07.2019 во 02.10 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во село Ваксинце, општина Липково, има повредени странски државјани. Полициски службенци излегле на местото и ги затекнале А.Р.(23), М.К.(20), Х.А.(23) и Н.Т.(24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата. Според нивно кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои побегнале потоа. Лицата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости