Пакистанската полиција уапси татко и брат, откако на видео од провинцијата Пенџаб се гледа како братот ја дави сестра си додека таткото го гледа сето тоа, соопштија официјални лица.
Настанот предизвика шок и гнев во нацијата која се бори со бранот на насилство врз жените.
22-годишната жена била убиена од нејзиниот брат додека нејзиниот татко гледал, а непознато трето лице го снимило злосторството, изјави претставник на локалната полиција Рана Акмал.
Инцидентот се случил во градот Тоба Тек Синг минатата недела. Семејството ја закопало жената тврдејќи дека таа починала од колера.
И таткото и братот ѝ кажале на полицијата дека со години ја силувале жената и ја убиле за да го сокријат своето злосторство, изјави полицискиот функционер, Мохамад Имран.
Полицијата го ексхумираше телото во четвртокот за обдукција и ДНК тест за да се потврди силувањето, рече Имран.
Во тек се рации за апсење на лицето кое наводно го снимило злосторството.