Во судот во Струга по третпат е одложено судењето за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез. Обвинети се тројца лекари од болницата во Струга.
Денешното судско рочиште беше одложено поради отсуство на адвокат на обвинет во случајот. На денешното рочиште беше предвидено да сведочи медицинска сестра на барање на обвинителството.
Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев, смета дека неговиот колега од спротивниот табор навистина имал здравствени проблеми и рече дека одлагањето не е дел од никаква тактика.
Оштетената Веапоска смета дека постапката се одолговлекува од почетокот и дека ова одлагање е купување време, но очекува дека еден ден правдата ќе биде задоволена.
„Постапката се одолговлекува уште од самиот почеток, уште од Лекарската комора и од Министерството за здравство, па се до тука. Колку и да се одложува еден ден ќе дојде крајот, мислам дека правда треба и мора да има за овој случај“ рече Веапоска.
Таа изјави дека досега се немалсоочено со ниту еден доктор надвор од судницата, но дека сака законски да одговараат за тоа што остана без матка, јајник и бубрег.
Веапоска истакна дека се лекуваше и на психијатрија, а здравствената состојба се повеќе и се влошува.
Во меѓувреме и била отстранета и жолчката.