Сенатор удри по Бајден: Новак Ѓоковиќ е најздравиот човек на светот

by Fokus

Откако американските власти му забранија на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ влез во земјата, во САД се крена голема прашина.

Група сенатори, предводени од гувернерот на Флорида, Рон Десантис, напишале на адресата на Белата куќа, а сега се огласи и сенаторот Рик Скот.

„Замисли колку е тоа глупаво. Минатиот ноември Бајден рече дека ерата на Ковид е завршена. Сега, готово, освен кога не сака да заврши“ вели Скот.

Тој смета дека е сосема лудо да не се пушти Новак во земјата.

„Овде го имаме веројатно еден од најздравите момци на светот и не сме загрижени дека може да се разболи. Не се грижи ниту да се разболи. Не сме загрижени дека би можеле да се разболиме поради него, затоа што Ковид е минато. Но, некако момчето не може да влезе во земјата да игра тенис… Тоа е најлудото нешто на светот. Ве полудува како се однесува администрацијата на Бајден“ – заклучи Скот.

Поврзани новости